Дома Тикет на денот Тикет на денот (вторник, 20.02.2024)

Тикет на денот (вторник, 20.02.2024)

tiket na denot

Наредните денови понудата нема да биде пребогата, но предлог тикетот нема да изостане.

ПСВ – Дортмунд – Х2&2+ @ 2.05 во Mozzart

Ова е малку неочекуван дуел во 1/8 финалето од Лигата на шампиони. Сепак, Дортмунд ги видовме во одлично светло во групната фаза и зад себе ги остави ПСЖ, Милан и Њукасл. Од друга страна ПСВ беа на второто место зад Арсенал, а пред Ленс и Севиља. Милионерите имаа место во појакиот, а ПСВ во послабиот шешир. Тимот од Ајндховен во домашното првенство забележа 20 победи и две реми во првите 22 гола, а и гол разлика е импресивна и изнесува 70-10. Дортмунд е многу послаб во Бундеслигата и се наоѓа на 4-то место на табелата. Овде ние очекуваме гостите да останат непоразени, а притоа да се постигнат најмалку два погодоци. Коефициентот за Х2&2+ изнесува 2.05 во Mozzart.

Саутемптон – Хал – 1&3+ @ 2.05 во 22Bet


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Саутемптон пред седум дена во вонредното коло го доживеаа првиот пораз уште од 23-ти септември. Тогаш изгубија од Миделсброу, а потоа започнаа фантастична серија и сега се сериозен кандидат за пласман во Премиер лигата. Пред нив се Лидс кој бега само два бода и има натпревар повеќе, а тука е и Лестер со 11 бода предност кој делува како без конкуренција оваа сезона. Хал од друга страна е на средината на табелата и е во тесна конкуренција за да стигне до зоната за плеј оф, па на тој начин да се обидат да стигнат во елитата. Ние овде очекуваме домаќините да победат без поголеми проблеми и типуваме 1&3+ со квота 2.05 во 22Bet.

Кембриџ Јунајтед – Болтон – 2&0-3 @ 2.60 во Bet365

Гостувањето на Болтон во Кембриџ би може да биде клучно во борбата за повраток во Чемпионшип. Моментално Болтон е на 3-то место зад Портсмут и Дерби, но има и три натпревари помалку од лидерот, а два од Дерби. Доколку бидат максимални во овие три заостанати натпревари можат да се изедначат со лидерскиот тим. Домаќините во саботата гостуваа Карлсл и победија со резултат 4-0, па сега влегуваат на овој дуел со добро расположение. Ние сепак сме на страна на гостите и типуваме 2&0-3 гола со квота 2.60 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 10.93

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (четврток, 16.05.2024)

Со оглед дека е четврток и дека е крај на сезоната, денешната понуда е повеќе од добра. Се…