Дома Тикет на денот Тикет на денот (вторник, 02.04.2024)

Тикет на денот (вторник, 02.04.2024)

tiket na denot

Сосема солидна е понудата и овој вторник бидејќи пред се на терен ќе ги гледаме натпреварите од Премеир лигата кои играат вонредно коло. Ова  е нашиот предлог тикет за денес.

Нотингем Форест – Фулам – 1 @ 2.50 во Mozzart

Малку кој можеше да помисли дека Шумарите ќе се најдат во толку тешка ситуација пред крајот на сезоната. Форест има само една победа во Премиер лигата во последните 10 кола, а без триумф се веќе шест рунди. Во претходните две кола изиграа нерешено против Лутон и Кристал Палас. Фулам од друга страна нема никакви грижи и во последно време играат доста интересен фудбал. Го победија Тотенхем со 3-0, а после тоа одвај зедоа бод од Шефилд Јунајтед. На овој дуел очекуваме дека домаќините ќе ги земат трите бода и типуваме 1 со квота 2.50 во Mozzart.

Лугано – Базел – 1 @ 2.05 во 22Bet


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се приближи плеј оф во швајцарската Супер лига. Останаа уште четири кола и потоа оваа лига ќе се подели на два дела. Првите шест ќе играат за титула и европски купови, додека другите само за опстанок. Бидејќи оваа е прва сезона со ваков систем на натпреварување ќе видиме како ќе се покаже. Базел никако да се префрли во горниот дел на табелата, а во претходните четири кола немаат победа. Сега доаѓа кај Лугано, поточно кај екипата која е во најдобра форма во последно време. Исто така овој тим успеа да се пласира и во ½ финалето од домашниот куп. Наш предлог за овој натпревар е 1 со квота 2.05 во 22Bet.

Сарбрикен – Кајзерслаутерн – 1Х @ 1.53 во Bet365

Домаќините се најголемо изненадување во европскиот фудбал оваа сезона. Сарбрикен е третолигаш и игра во ½ финалето од германскиот Куп. Треба да се каже дека не стигнаа на среќа, туку дека ги елиминираа Баерн, Ајнтрахт и Менхенгладбах. Гостите пак,  моментално во Цвајт се во тешка ситуација и се наоѓаат на 16-та позиција на табелата и тоа значи дека ќе играат бараж за опстанок и самиот тој факт зборува дека не се во некоја завидна форма. На овој дуел веруваме дека Сарбрикен  може да останат непоразени, па затоа типуваме 1Х со квота 1.53 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet365: 7.84

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тикет на денот

Проверете

Тикет на денот (петок, 03.05.2024)

Денес е ден кога имаме вовед во пребогат викенд. Започнуваат новите рунди ширум Европа, а …