Дома Топ вести Тен Хаг спрема четири големи засилувања

Тен Хаг спрема четири големи засилувања

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг денес ќе има состанок со раководството на кој ќе се планира следната сезона и летниот преоден рок.

Тен Хаг спрема големи промени во тимот и сака да донесе најмалку четири големи засилувања, за да се засилат сите линии од тимот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најголема желба за средниот ред е плејмејкерот на Барселона, Френки де Јонг. Холанѓанецот одлично го познава својот сонародник и верува дека ќе биде идеална замена за Погба.

Барселона не ја исклучува можноста за негова продажба и за неговата слобода бара 70 милиони евра.

Како засилување во нападот се споменува крилниот напаѓач на Ајакс, Ентони чија цена е 50 милиони евра, како и ѕвездата на Бенфика, Дарвин Нуњес.

Прва желба во одбраната е младата ѕвезда на Ајакс, Јуриен Тимбер, а „црвените ѓаволи“ веќе ги започнаа преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…