Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг на денешната пресконференција проговори за инцидентот со Кристиано Роналдо.
Тен Хаг потврди дека Роналдо одбил да влезе во игра во последните минути против Тотенхем и поради тоа е исфрлен од тимот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Да, тој одби да влезе. Доколку прашате за што разговаравме, тоа останува помеѓу мене и Роналдо. Изјавата на клубот е многу јасна. Тој останува важен дел од тимот. Јас сум менаџер, јас сум одговорен за културата овде и морам да воспоставам одредени стандарди и вредности, како и да ги контролирам“.
„Во тимот ги имаме овие вредности и јас ги контролирам. По Ваљекано му кажав дека тоа е неприфатливо, но не само за него, туку за сите. Ова беше втор пат и за тоа има последици. Ќе ни недостасува утре. Тоа е минус за тимот, но ова беше важно поради навиките и менталитетот во групата, сега треба да се концентрираме на мечот со Челзи“, изјави Тен Хаг.
Erik Ten Hag press conference
— Man United TV (@manunitedtvv) October 21, 2022
Chelsea vs Manchester United #CHEMUN #eriktenhag #Ronaldo pic.twitter.com/N6SRXFsISQ