Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок ќе се обиде да ја донесе ѕвезда на ПСВ, Ибрахима Сангаре.




„Црвените ѓаволи“ во текот на целото лето се обидуваа да го донесат Френки де Јонг од Барселона, па во јануари ќе се насочат кон Сангаре.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Во договорот на 24-годишниот играч со ПСВ има откупна клаузула од 35 милиони евра. Холандскиот клуб не сака да го пушти играчот за сума помала од споменатата.




Сангаре може да игра на повеќе позиции во средниот ред, но најдобар е како дефанзивец играч за врска.
Тен Хаг одлично го познава и сака да го доведе на „Олд Трафорд“, а Јунајтед веќе спреми понуда од 25 милиони евра плус бонуси.