Дома Фудбал Англија Тен Хаг добива 200 милиони за засилувања

Тен Хаг добива 200 милиони за засилувања

Манчестер Јунајтед на идниот тренер Ерик тен Хаг ќе му даде 200 милиони фунти за летни засилувања, потврдија медиумите на Островот.

Се очекува Холанѓанецот официјално да биде потврден за нов тренер на „црвените ѓаволи“ следната недела.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Според многумина со тоа клубот ќе се обиде да го насочи вниманието на фановите кон следната сезона, а не кон актуелната сезона која е разочарувачка.

Тен Хаг ќе направи многу промени во тимот и на лето сигурно заминуваат Погба, Мата, Матиќ, Лингард, Кавани и  Лиј Грант, на кои им истекува договорот.

На продажба ќе бидат ставени Ван Бисака, Ерик Баи, Фил Џонс, Алекс Телеш, Марсијал и Рашфорд.

Поради тоа менаџерот ќе добие намалку 200 милиони фунти за нови засилувања за да изгради тим по своја мерка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона фаворит за потписот на Кимих

Џошуа Кимих донесе конечна одлука да го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната, пренес…