Тензична е атмосферата во Неапол, откако претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис одби да го продаде Елиф Елмас за 30 милиони евра во бундеслигашот Лајпциг.
Италијанските медиуми утрово пишуваат дека менаџерот на Елмас, Фали Рамадани му се налутил на Де Лаурентис затоа што одбил да му дозволи на македонскиот репрезентативец да преговара со Лајпциг.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Рамадани наводно се заканил дека Елмас нема да потпише договор со Наполи по 2025 година, па во следниот период се очекуваат преговори меѓу двете страни за да се надмине проблемот.
Де Лаурентис и претходно одби да го продаде Елмас, но тогаш доби понуда од 30 милиони евра од Милан.