Лос Анџелес Клиперси добија лоша вест, заврши сезоната за еден од нивните најдобри кошаркари, Пол Џорџ.
Одличниот кошаркар на 6-ти декември 2021 заработи повреда на лактот и од тогаш нема настапено за својот клуб. Американските медиуми објавија дека Џорџ наскоро ќе оди на операција, а тоа би значело дека сезоната за него е завршена.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Ова е уште еден голем удар за Клиперси затоа што цела сезона играат без Кавај Ленард. Во овој момент Клиперси се на деветтата позиција на табелата и се на добар пат да обезбедат плеј-оф.