Дома Останати Кошарка НБА Клиперси до победа со пресврт каков што ретко се гледа!

Клиперси до победа со пресврт каков што ретко се гледа!

Детроит е најслабиот тим во Источната конференција со само осум победи. Изминатата вечер беа на чекор до деветтата, но го изгубија натпреварот во последните три минути иако имаа одлична предност.

Клиперси имаа негатива од 14 разлика на три натпревари, на семафорот стоеше 126:112, а тогаш следуваше сензационален кам-бек и комлетно се вратија во игра. Имаа фантастична серија од 14:1 со која намалија на 127:126,


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Детроит погоди само едно слободно фрлање, за потоа Теранс Мен да го однесе натпреварот во продолжение.

Богдановиќ во последниот напад не реализираше шут за три поени и победа, а во дополнителните пет минути Пистонси комплетно се распаднаа и изгубија со 131:142.

Лидер на Клиперси беше Пол Џорџ кој постигна 32 поени, сепак треба да се знае дека дури седум играчи на Клиперси имаа двоцифрен број на поени.

НБА резултати:

Кливленд – Бруклин 117:125
Детроит – Клиперс 131:142
Мајами – Минесота 113:110
Њу Орлеанс – Индијана 113:93
Чикаго – Хјустон 118:133
Сан Антонио – Јута 126:122
Портланд – Шарлот 124:113

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…