Дома Фудбал Тевез го објави датумот кога ќе ја заврши кариерата

Тевез го објави датумот кога ќе ја заврши кариерата

Фудбалерот на Бока Јуниорс, Карлос Тевез одлучи да ја заврши кариерата по истекот на договорот со аргентинскиот великан.

Поранешниот фудбалер на европските гиганти Манчестер Јунајтед, Јувентус и Сити објави дека кариерата ќе ја заврши во 2019. година, по истекот на доковорот со Бока.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Кога ќе заминам, ќе ми недостасува ова место. Овој пат нема заминување, туку пензија. Во овој дрес ќе ја завршам кариерата откако ќе ми истече договорот со Бока на крајот од наредната година.“ – рече Тевез.

Искусниот напаѓач во јануари по трет пат се врати во саканата Бока, а покрај овој тим и Јунајтед, Јуве и Сити, Тевез настапуваше уште за Шангај, Вест Хем и бразилски Коринтианс.

Договорот на Тевез со Бока е важен до 31. декември 2019. година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Солзите на Винисиус не биле вистински: Се работело за сценарио за филм!

Винисиус Жуниор го привлече вниманието на медиумите со настапот на прес-конференцијата пре…