Иднината на Хамес Родригез повторно е главна тема, откако стана јасно дека нема да остане во Баерн Минхен.
Баварците на крајот на сезоната кога ќе заврши позајмицата нема да го откупат Колумбиецот, кој ќе се врати во Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јасно е дека на „Сантиаго Бернабеу“ нема место за Хамес, па многу клубови покажуваат интерес за неговиот потпис.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Роналдо лично му се јавил на својот пријател да го убеди да се пресели во Јувентус, а сега стигна и потврда.
Имено, таткото на Колумбиецот, Вилсон Родригез потврди дека Хамес има многу понуди, но дека Јувентус е одлична опција.
„Мојот син е многу близок со Кристијано Роналдо. За тоа како го гледам италијанскиот фудбал, мислам дека преселба во Јувентус би била добра опција за Хамес“, изјави Вилсон.
Papà James #Rodriguez: 'La #Juve è una buona soluzione, è amico di #Ronaldo' https://t.co/Hvezs4JQxl pic.twitter.com/JRTE0elb9n
— calciomercato.com (@cmdotcom) February 6, 2019