Дома Топ вести Таткото на Фати ја шокираше Каталонија: Да сум на местото на Ансу, веднаш би заминал!

Таткото на Фати ја шокираше Каталонија: Да сум на местото на Ансу, веднаш би заминал!

Таткото на Ансу Фати, ѕвездата на Барселона која никако не успева да ја пронајде својата форма даде интервју кое ја изненади каталонската јавност.

Фати не може да се избори за поголема минутажа и поважан улога кај Чави Ернандез дури ни кога е повреден Осман Дембеле. Фати во првиот тим влезе како 17-годишник и се најавуваше како голема ѕвезда. Со заминувањето на Меси ја доби и „десетката“ на грбот, но повредите му направија сериозни проблеми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, неговиот татко Бори Фати е убеден дека Ансу заслужува поголема минутажа и порача дека да е на негово место веднаш ќе ја напушти Барселона.

„Ансу не сака да ја напушти Барселона, но јас сакам тој да успее. Повеќе не одам на стадион, лут сум на клубот. Сигурен сум дека за еден месец повторно ќе се сретнеме со Жорж Мендеш. Ме загрижува тоа што Ансу игра толку малку. Зборуваме за играч кој е репрезентативец на Шпанија и кој порасна во „Ла Масија“. Заслужува повеќе од ова“.

„Не знам зошто Чави не му дава шанса. Тој има свои причини. Фати не е бесен на него, секогаш му бил идол. Но, јас како татко сум многу лут. Матео Алемани ми кажа дека клубот смета на него, како татко го советував да замине, но тој не сака и не се согласува со мене. Кога би бил на негово место би заминал уште утре“, изјави Бори Фати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…