Дома Топ вести Таткото на Меси категорично демантираше трансфер во Ал Хилал

Таткото на Меси категорично демантираше трансфер во Ал Хилал

Таткото на Лионел Меси – Хорхе, кој е и менаџер на ѕвездата на ПСЖ, категорично ги демантираше шпекулациите за негов трансфер во Саудиска Арабија.

Угледната француска новинска агенција „АФП“ во вторникот објави дека Меси веќе се согласил за трансфер во Ал-Хилал, каде што би заработувал 600 милиони евра за две години.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Меѓутоа, Хорхе Меси демантираше договор со било кој клуб и изјави дека конечната одлука ќе ја донесе на крајот на сезоната.

„Нема ништо со било кој клуб за следната сезона. Одлуката нема да биде донесена пред Лионел да ја заврши сезоната со ПСЖ. Кога ќе дојде крајот на сезоната ќе биде време за анализа, па за одлука. Секогаш има шпекулации и многумина го користат името на Лионел за да добијат внимание, но има една вистина и таа е дека нема договорено ништо. Ниту вербално, ниту потпишано и нема да има до крајот на сезоната. Ова е недостаток на почит од страна на медиумите, од кои дел од нив намерно лажат без докази и сакаат да направат малициозни шпекулации во вести. Тие треба да ги објаснат нивнтие вести“, истакна Хорхе Меси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Јувентус го сака дефанзивецот на Арсенал

Јувентус е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „К…