Дома Фудбал Тарибо Вест: Италијанската мафија ме избрка од Милан

Тарибо Вест: Италијанската мафија ме избрка од Милан

Поранешниот нигериски дефанзивец, Тарибо Вест тврди дека италијанската мафија го спречила неговиот успех како фудбалер на Милан, каде што остана помалку од една година.

Освојувачот на златниот олимписки медал од Атланта од 1996 година во Милано се пресели од градскиот ривал Интер во 2000 година, но за „росонерите“ одигра само четири меча.

Во изјава за нигериските медиуми, тој тврди дека италијанските мафијаши не можеле да прифатат африкански фудбалер да го земе местото на дефанзивци како Паоло Малдини и Алесандро Костакурта.

„Мафијата направи се што е можно да осигура дека јас нема да заиграм за Милан. Тие изготвија злобни приказни дека бев повреден само да ме испратат од Милан. Лекарите беа подмитени да кажат дека сум повреден, а тоа беше лага. За нив беше незамисливо Африканец да им земе место на тие италијански дефанзивци“, изјави Вест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мартинез доби наследник што ја воодушеви Вила: Сузуки блеска меѓу стативите

Зион Сузуки брзо ја освои довербата во Астон Вила. Јапонецот не импресионира само со одбра…