Дома Фудбал Останато Урнебесна приказна за Роналдо и Тарибо Вест: Доаѓа во Интер и…гледам ние исто годиште!?

Урнебесна приказна за Роналдо и Тарибо Вест: Доаѓа во Интер и…гледам ние исто годиште!?

Приказни за Тарибо Вест има безброј. Никој не знае колку години има, некои тврдат дека сега има 57, додека во официјалните документи пишува 46.

Јасно е дека засекогаш ќе остане тајна. Кога пристигна во Партизан се шпекулираше дека има повеќе од 40, меѓутоа собра 16 настапи. Кариерата ја заврши со четири натпревари за Плимнут и на крајот во Иран во 2007.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вест подоцна стана свештеник, има своја црква, а сега Роналдо раскажа неверојатна приказна. Тој во разговор со поранешниот соиграч Виери раскажа како како член на младинската репрезентација на Бразил играл со Нигеријците.

„Тарибо изгледаше како да има 25 години, се гледаше дека Нигеријците се постари од нас, физички беа посилни, на крајот ги заменивме копачките. Мојата беше како на дете, а неговата како на возрасен човек“.

Потоа следувала „бомба“.

„Доаѓам во Интер и тој стигна од Окер и…Гледам ние сме биле исто годиште“, се смееше Роналдо додека Виери дури пушти и солзи од смеа.

Роналдо сепак малку претера, тој е роден 1976 година, додека Вест според официјалните податоци е две години постар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Овој податок е доказ колку силен менталитет изгради Алонсо во Леверкузен

Лигата на шампионите ќе ја освои Реал или Борусија, во Англија гледаме голема битка помеѓу…