Дома Македонски спорт Мак ракомет Талески: Конечно го дадов она што треба постојано да го давам

Талески: Конечно го дадов она што треба постојано да го давам

Филип Талески со шест гола беше предводник на Вардар во вчерашната победа против Нексе во СЕХА лигата.

Талески смета дека конечно одиграл онака како што треба.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Среќни сме што победивме. Одигравме малку потешко иако добро се познаваме со овој тим на Нексе. Отворивме добро и имавме контрола на резултатот, меѓутоа во последните 15 минути влеговме во егал играјќи гол за гол. Такви падови не смееме да си дозволуваме, треба да научиме нешто од ова. Задоволен сум од мојата игра, конечно го дадов она што треба да го давам постојна. За самодоверба ова добро ќе ми дојде“, изјави Талески.

Вардар го победи Нексе со 27:26 и ова е втора победа за црвено-црните после првата против Војводина.

Фото: Денис Дуковски

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…