Дома Фудбал Останато Тажна вест: Загина поранешен хрватски фудбалер

Тажна вест: Загина поранешен хрватски фудбалер

Поранешниот хрватски фудбалер Дарио Франковиќ (52) почина во саботата додека бил на одмор на Брод на Купа.

Франковиќ беше локална фудбалска легенда и остави најголем белег во саваскиот клуб од Стрмец. Уште од детството бил поврзан со ФК Сава, чии бои ги бранел во конкуренција на ветерани.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Франковиќ доживеа трагична судбина кога на него налетал автомобил додека се движел со сопругата по мостот на реката Купа.

„Неописива тага не зафати сите во Штрмац откако се прошири тажната вест дека на првиот ден од јули, нашиот драг и голем пријател Даријо Франковиќ трагично не напушти! Саботната прошетка со неговата сакана сопруга на одмор во Брод на Купа, местото кое најмногу го сакаше после Стрмац, се претвори во невидена трагедија. На мостот на реката Купа на нив налета автомобил кој за жал му нанел тешки телесни повреди на нашиот Дарио на кои им подлегнал при укажаната лекарска помош – велат од ФК Сава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

„Бомба“: Гвардиола го напушта Сити

Манчестер Сити на крајот од сезоната може да остане без Пеп Гвардиола. Неговиот договор ис…