Дома Фудбал Останато Тажна вест го погоди регионот, почина поранешниот југословенски репрезентативец

Тажна вест го погоди регионот, почина поранешниот југословенски репрезентативец

Легендарниот фудбалер на Сараево, Вахидин Мусевиќ почина на 76 година од животот.

Мусемиќ со репрезентацијата на Југославија освои сребрен медал на Европското првенство во Рим во 1968 година, а неговиот помлад брат Хусреф беше фудбалер на Црвена Звезда, исто така и тој беше репрезентативец на Југославија.


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


За Сараево настапи на 293 натпревари и постигна 169 голови, а кариерата потоа ја продолжи во Ница каде што помина две години и за тоа време одигра 42 натпревари, постигнувајќи 19 голови.

Репрезентативец на Југославија беше од 1968 до 1970 година и на 17 натпревари постигна девет гола. Кариерата поради тешките повреди мораше да ја заврши на само 29 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Олмо погоди, Шпанија доаѓа во водство🎥

После израмнетото прво полувреме каде двете репрезентации ги одмеруваа силите Шпанија доаѓ…