Дома Трансфер зона Тадиќ доби „непристојна понуда“, 42 милиони за три години!

Тадиќ доби „непристојна понуда“, 42 милиони за три години!

Ѕвездата на Ајакс и српски репрезентативец, Душан Тадиќ имаше фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Медиумите пренесуваат дека за Тадиќ стигнала „непристојна понуда“ од Кина, каде за три години може да заработи 42 милиони евра.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Далијан Јифан е клубот кој силно го посакува Србинот и испратил понуда тешка 14 милиони евра по сезона.

Ајакс не сака да го продаде Тадиќ за помалку од 30 милиони евра, сума која кинескиот клуб е спремен да ја плати.

Сега конечната одлука ќе ја има самиот фудбал, дали ќе ги избере кинеските милиони, или врвниот европски фудбал.

Со оглед на фактот дека веќе има 30 години, многу е веројатно Тадиќ да се одлучи да се пресели на Далечниот исток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…