Дома Топ вести Суровата реалност и вистината за Кутињо: Што тоа пропуштивме во преговорите?!

Суровата реалност и вистината за Кутињо: Што тоа пропуштивме во преговорите?!

Добро информираниот новинар, Балаг кој одлично ги познава случувањата како на Пиринеите, така и на Островот, откри како течеле преговорите околу преминувањето на Филипе Кутињо од Ливерпул во Барселона.

„Барселона едноставно не се подготви за заминувањето на Нејмар. Кутињо стана нивна мета дури кога Нејмар замина во ПСЖ. Барселона дури не работеше ниту на договорт со Сери во случај да пропадна преговорите со Кутињо, а исто така веруваа дека ќе го донесат и Марко Верати кога немаа никакви шанси за тоа“, објасни Балаг и додаде:


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Сега Барселона е затекната во лоша ситуација, бара ургентни решенија, но не може да дојде до играчот кој го посакува. Ако може да му се верува на Ливерпул, тие нема да го пуштат Кутињо, па Барселона ќе мора да се насочи кон другите опции“, откри Балаг.

Едно е сигурно, управата на Барселона не направи најдобар договор за многу работи ова лето, а особено со Кутињо кој беше примарна мета и тогаш така едноставно не се постапува.

Од друга страна, и сурова реалност е дека Ливерпул не може да го убеди Кутињо да остане, бидејќи веројатно управата сега само го одложи неговото несомнено заминување на „Камп Ноу“ следното лето, поточно и кога се очекува заминувањето на Иниеста.

За потсетување, сега се споменува дека Барселона ќе се обиде да го донесе Сери од Ница и Ди Марија од ПСЖ, а за обајцата вкупно ќе издвои 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…