Дома Фудбал Супер тандемот Меси – Суарез е поефикасен од сите клубови во Ла Лига!

Супер тандемот Меси – Суарез е поефикасен од сите клубови во Ла Лига!

Екипата на Барселона вчера го победи Леганес во Ла Лига со резултат 3:1, а два од трите погодоците на Каталонците ги постигнаа Меси и Суарез.

Меси натпреварот го започна од клупата за резерви, но во второто полувреме влезе во игра и ја потврди победата на Барселона во финишот.

Претходно по неговото влегување во игра погоди Луис Суарез за 2:1.

Оваа сезона Меси и Суарез во Ла Лига постигнаа 33 голови, а тоа е повеќе од сите останати клубови во шпанското првенство.

До супер тандемот Суарез-Меси најблиску се Леванте и Селта со по 32 погодоци, додека цел Реал Мадрид има три гола помалку.

Барселона во Ла Лига во досегашниот дел од сезоната е најефикасен тим во првенството со 56 постигнати погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Харви Елиет ќе игра за Валенсија

Играчот од средниот ред на Ливерпул Харви Елиет е пред трансфер во Валенсија. Според Матео…