Сезоната која неодамна заврши во Премиер лигата се решаваше во последното коло, а на крајот се радуваше Манчестер Сити.
Ливерпул во последното коло беше блиску, но „граѓаните“ успеаа да направат пресврт во последните минути и од 0:2 да дојда до победа од 3:2 со што останаа на врвот. Наредната сезона ќе има промени и во двата табори.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Манчестер Сити се засили со Ерлинг Халанд, додека Ливерпул го доведе Давид Нуњез од Бенфика. Иако е се уште рано веќе започнаа да се прават и првите прогнози за новата сезона. Според „Супер-компјутерот“ на „Мирор“ Ливерпул во овој момент е фаворитот за титула во ПЛ.
Можеби звучи изненадувачки, но Ливерпул на врвот се најде со дури 71% шанси да ја освојат титулата. Потоа следува Манчестер Сити со 24%,. Се прогнозираше и пласманот во топ 4, тука Ливерпул и Сити добија максимално 100%, Арсенал 59%, Тотенхем 49%, Челзи 39% и Манчестер Јунајтед 15%.