Дома Топ вести Судиите повторно во прв план: За овој неспортски потег на Роналдо зборува цела Шпанија!

Судиите повторно во прв план: За овој неспортски потег на Роналдо зборува цела Шпанија!

Фудбалерите на Реал Мадрид направија уште еден чекор кон освојување на титулата во шпанското првенство со победата над Севиља од 4:1 на „Сантиаго Бербнабеу“.

На „кралевите“ им недостасуваат само четири бода за и официјално да станат шампиони, што ќе биде втора титула за нив во пет години и само трета после десет години.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поради тоа мечот во Виго во среда ќе биде најваќен за Реал во последните неколку години, а доколку не беше големата грешка на судијата Маљенко, „кралевите“ можеше на тој натпревар да играат без Кристиано Роналдо.

Имено, во 32-та минута од натпреварот против Севиља, Роналдо при една контра на гостите грубо од зад грб го удри Клемент Линглет. Тоа беше во најмала рака фаул за жолт картон, но некои медиуми во Шпанија тврдат дека Португалецот требаше да добие црвен картон.

Судијата оправдано почитуваше предност и во продолжение на акцијата гостите ја погодија стативата, но судиска грешка беше тоа што Роналдо накнадно не беше опоменат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …