Барселона на крајот на оваа сезона сигурно ќе направи промени во играчкиот кадар, особено промени ќе претрпи нападот.
Луис Суарез е на залаезот на својата кариера, па Каталонците се во потрага по напаѓач кој ќе може да го замени Уругваецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот следи повеќе напаѓачи, а на врвот на листата желби е ѕвездата на Интер, Лаутаро Мартинез.
Суарез говореше за таа ситуација и призна дека веќе две години му укажува на раководството да го донесат Аргентинецот на Камп Ноу.
„Лаутаро е многу талентиран. Игра одлично веќе две сезони во Серија А, но ние играчите не донесуваме одлуки за трансфери. Веќе две години зборувам дека треба да се доведе млад напаѓач кој ќе се прилагоди на стилот на игра и ќе биде мој наследник“, искрен беше Суарез.