Дома Фудбал Суарез го положи испитот по италијански јазик

Суарез го положи испитот по италијански јазик

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез денес допатува во Италија.

Причината за неговото доаѓање не е некаков трансфер, иако за тоа многу се пишуваше во претходниот период, туку тој ќе оди на тестирање за добивање италијански пасош.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Неговата сопруга е државјанка на Италија. Суарез сака да добие пасош за повеќе да не се смета за странец во Европа и денес во Перуџа ќе полага тест за државјанство.

Последните информации од Италија се дека напаѓачот успешно го положил тестот за италијански јазик и добил диплома за Б1 ниво познавање на јазикот.

Тоа ќе му овозможи сега слободно да ја започне постапката за добивање на италијанско државјанство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова ќе се памети долго: Барселона ги понижи Реал среде Мадрид за сите времиња (Видео)

Во рамките на Лигата на шампионите за жени се одигра спектакуларното „Ел Класико“ во кое Б…