Дома Македонски спорт Мак фудбал Струга со проблем како Шкупи: Нигериец не доби виза гостувањето во Луксембург

Струга со проблем како Шкупи: Нигериец не доби виза гостувањето во Луксембург

Македонскиот шампион Струга Трим Лум ќе биде без услугите на Хакан Укпа во утрешниот реванш против тимот на Есперанж.

Нигериецот не добил виза од германските власти и останува во Скопје во исчекување нешто да се промени во последен момент, но се повеќе извесно е дека Струга без него ќе мора да ја брани предноста од 3:1 од Скопје.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Летово проблем со добивање имаше и Валид Хамиди кој не можеше да патува на дуелот на Шкупи во Литванија против Хегелман, во меѓувреме тој го промени клубот и потпиша за Балкани од Косово.

Aко Струга ја потврди победата од 3:1 од првиот дуел во плеј-офот за место во Конференциската лига најверојатно ќе игра со Брејдаблик кој во првиот натпревар изгуби од Зрињски со 2:6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Сити и Јунајтед во битка за фудбалер од 115 милиони евра!

Нотингем Форест се чини дека е подготвен за летен трансфер на својата ѕвезда, играчот на с…