Дома Топ вести Столе Димитриевски вчера испиша историја во Рајо

Столе Димитриевски вчера испиша историја во Рајо

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски завршува уште една одлична сезона на голот на Рајо за кој во вчерашниот натпревар и испиша нова историја.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Димитриевски стана голманот со најмногу настапи во дресот на овој клуб. Натпреварот против Гранада за Димитриевски беше 190 со што го остави зад себе Вилфред Агбонавабре (189).

На третото место на оваа вечна листа е Педро Валентин Мора со 168 настапи. До крајот на сезоната Димитриевски ќе го подобри рекордот за уште некој натпревар, но не е сигурно дека и наредната сезона ќе го чува голот на Рајо бидејќи има интерес од повеќе клубови.

Сезонава во Ла Лига Димитриевски остана несовладан на 14 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Керик се согласи на потег кој Мурињо и Аморим го одбиле

Според информациите кои ги носат британските медиуми, Манчестер Јунајтед следната сезона ќ…