Тоа што се најавуваше подолго време сега доби официјална потврда, Пол Погба го напушта Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната.
Договорот на Погба со „црвените ѓаволи“ истекува на крајот на сезоната, а Рангник потврди дека Французинот нема да ја продолжи соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во моментов ситуацијата е таква што Погба нема да го продолжи договорот. Веројатно нема да биде тука следната сезона“, изјави Рангник .
Германскиот специјалист изјави и дека Погба сигурно ќе го пропушти дербито со Арсенал и нема да биде изненадување доколку не учествува на ниту еден натпревар до крајот на сезоната.
29-годишниот Французин беше купен за 100 милиони евра од Јувентус во 2016 година, но не ги оправда големите очекувања, па сега како слободен агент ќе го напушти „Олд Трафорд“.
Јувентус, Реал Мадрид и ПСЖ се борат за неговиот потпис и веќе ги почнаа преговорите.