Во текот на денешниот ден беше објавено дека Лајпциг спрема понуда од 25 милиони евра за македонскиот „дијамант“ Елиф Елмас.
Сега тоа го потврди и еден од најпознатите спортски новинари и експерт за трансфери, Фабрицио Романо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во текот на летото се пишуваше за интерес од германскиот бундеслигаш, меѓутоа тогаш Наполи не прифати ниту една понуда, па Елмас остана во клубот.
Меѓутоа, оваа сезона Елмас не добива голема минутажа, па сега и тој е спремен да ја промени средината, па Лајпциг се враќа со нова поуда.
Преговорите течат и трансферот може да се реализира во зимскиот преоден рок.