Дома Трансфер зона Стигна потврда: Кавани преговара за враќање во Италија!

Стигна потврда: Кавани преговара за враќање во Италија!

Уругваецот Едисон Кавани би можел да го напушти ПСЖ во текот на зимскиот преоден рок.

Кавани во дресот на ПСЖ за шест години стана вистинска легенда на клубот, а во текот на зимата би можел да замине, најмногу поради не баш добриот статус кој го има во францускиот клуб.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Медиумите шпекулираа дека Кавани би можел да го наследи Ибрахимовиќ во ЛА Галакси, но не се исклучува можноста да се врати и во Серија А.

Дека Серија А постои како опција потврди братот и агент на фудбалерот, Валтер Кавани.

„Да постои можност да се вратам во Италија. Постојат некои контакти и тоа е се што можам да ви кажам на таа тема. ЛА Галакси? Шпекулации“, изјави братот на Кавани за „Калчонаполи24“.

Искусниот напаѓач во ПСЖ дојде токму од Италија каде што настапуваше во периодот од 2007 до 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Проблем за Јувентус: Бремер има откупна клазула, Јунајтед е спремен да ја плати

Манчестер Јунајтед е подготвен да ја плати откупната клаузула за дефанзивецот на Јувентус,…