Дома Трансфер зона Стигна потврда: Кавани преговара за враќање во Италија!

Стигна потврда: Кавани преговара за враќање во Италија!

Уругваецот Едисон Кавани би можел да го напушти ПСЖ во текот на зимскиот преоден рок.

Кавани во дресот на ПСЖ за шест години стана вистинска легенда на клубот, а во текот на зимата би можел да замине, најмногу поради не баш добриот статус кој го има во францускиот клуб.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Медиумите шпекулираа дека Кавани би можел да го наследи Ибрахимовиќ во ЛА Галакси, но не се исклучува можноста да се врати и во Серија А.

Дека Серија А постои како опција потврди братот и агент на фудбалерот, Валтер Кавани.

„Да постои можност да се вратам во Италија. Постојат некои контакти и тоа е се што можам да ви кажам на таа тема. ЛА Галакси? Шпекулации“, изјави братот на Кавани за „Калчонаполи24“.

Искусниот напаѓач во ПСЖ дојде токму од Италија каде што настапуваше во периодот од 2007 до 2013 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…