Навивачите на Ливерпул веројатно добија потврда која не сакаа да ја слушнат.
Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Фелипе Кутињо ќе го пропушти и реванш натпреварот од плеј-офот за Лигата на шампионите против Хофенхајм.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бразилецот поради повреда на грбот ги пропушти сите натпревари од почетокот на сезоната и се шпекулираше дека причина за тоа е неговиот трансфер во Барселона, но во овој момент такво нешто е далеку од реално.
Отсуството на Кутињо беше очекувано и во овој натпревар иако како повод сеуште се наведува неговата желба да премине на „Ноу Камп“.
Сепак, секогаш добро известениот „Liverpool.Eho“ тврди дека навивачите немаат причина за грижа и дека и покрај отсуството Кутињо ќе се врати во тимот после репрезентативната пауза.
Покрај Кутињо, надвор од тимот сеуште се Адам Лалана и Натаниел Клајн.