Раководството на Челзи испрати нова понуда и е многу блиску до потписот на Рахим Стирлинг од Манчестер Сити, пренесуваат медиумите на Островот.
Договорот на Стерлинг истекува следното лето, а преговорите за продолжување на соработката се во застој. Тој го изгуби местото помеѓу стартерите кај Гвардиола, јавно го изрази своето незадоволство размислува да си замине од „Етихад“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сити го стави на продажба, а најсериозен интерес за него покажува Челзи. Двата клуба започнаа преговори и Сити ја одби првата понуда од „сините“ од 30 милиони фунти.
Челзи сега испрати нова понуда и двата клуба се блиску до договор за трансфер тежок 45 милиони евра.
Агентите на Стерлинг веќе ги договараат последните детали од договорот со Челзи.