Фудбалерот на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг бил нападнат пред дуелот со Тотенхем.
Сити вчера со 4:1 го победи Тотенхем, а пред натпреварот Стерлинг имаше едно лошо искуство. Кога играчите се собирале пред академијата на Сити, непознат напаѓач пријде до автомобилот на Стерлинг и почнал да го навредува, дури и врз основа на расата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Стерлинг излегол за да го праша во што е проблемот, а потоа добил еден удар во ногата. Стерлинг не знае за кого станува збор, но започната е истрага за да се пронајде човекот кој го навредувал Стерлинг. Поранешниот играч на Ливерпул игра одлично под водство на Пеп Гвардиола и е еден од клучните играчи во тимот кој убедливо го држи првото место во Премиер лигата.
Ова не го исплаши Стерлинг кој постигна два гола во победата над Тотенхем (4:1), а Сити ја запиша 16 победа во низа во лигата.