Дома Фудбал Останато Статистиката покажа: Меси е број 1 сезонава во Европа!

Статистиката покажа: Меси е број 1 сезонава во Европа!

Светската фудбалска лабараторија за статистика „CIES Football Observatory“ направи клазирање на најважните играчи во 5-те најголеми првенства во Европа за сезоната 2017/18.

Анализата е направена на база на одиграни најмалку 1800 минути во секое од првенствата и придонесот кој играчот го имал за постигнувањата на тимот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На прво место е ѕвездата на Барселона Лионел Меси, кој води пред Давид Силва од Манчестер Сити и Пауло Дибала од Јувентус. Дури шестима играчи од Сити се во Топ 10.

Алгоритамот покажа дека Меси има коефициент 92.12 од максимални 100. Давид Силва 91.69, додека Дибала има коефициент 91.37. Официјално најдобриот фудбалер на светот, Кристиано Роналдо е на 16-то место.

Во првите 100 најмногу претставници има Премиер лигата, 30 фудбалери, а од тимовите Баерн Минхен со 11 фудбалери во Топ 100.

Според позициите најдобри играчи се: голман – Марк Андре тер Штеген (Барселона), дефанзивец – Николас Отаменди (Ман. Сити), среден ред – Давид Силва (Ман. Сити) и напад – Лео Меси (Барселона).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…