Дома Трансфер зона Станува сериозно: Еве што ПСЖ му нуди на Рамос

Станува сериозно: Еве што ПСЖ му нуди на Рамос

Одличниот шпански репрезентативец и еден од најдобрите одбранбени играчи на сите времиња Серхио Рамос се наоѓа на мета на ПСЖ.

Не е тајна дека ПСЖ сака да го доведе Рамос, за тоа се пишува во најголемите медиуми веќе неколку дена, а сега се појави и информација што клубот од Париз му нуди на Рамос.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено, шпанските медуми денес пишуваат дека ПСЖ е спремен на Рамос да му понуди договор на две години според кој ќе заработува 20 милиони евра нето годишно.

Меѓутоа, тоа не е се, односно ПСЖ сака и да му исплати на Рамос бонус за потпишување на договорот. Официјалната понуда според информациите ќе биде испратена на 1. јануари наредната година за да не бидат прекршени правилата.

Ќе додадеме и дека Рамос преговара со Реал за продолжување на соработката, но договор се уште нема, а додека е така може се да се случи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Сити подготвува спектакуларен трансфер

Според последните информации од Островот кои ги пренесува реномираниот „Гардијан“, Манчест…