Дома Трансфер зона Станковиќ на Звезда и носи поранешен играч на Милан?

Станковиќ на Звезда и носи поранешен играч на Милан?

Интересна вест ни пристигнува од соседството, Црвена Звезда сака да се засили со поранешен фудбалер на Милан.

Според информациите на дел од медиумите во соседството на „Маракана“ би можело да пристигне добро познато име. Со Звезда се поврзува Игнасио Абате.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


Наводно Дејан Станковиќ ги повлекол своите врски во Италија за да обезбеди квалитетно засилување.

Абате Милан го напушти минатото лето и од тогаш 33 годишниот фудбалер е без клуб. Италијанските медиуми шпекулираа дека кариерата може да ја продолжи во МЛС или Лече, но и понатаму искусниот фудбалер е без клуб.

Кариерата Абате ја започна во Милан, а во текот на годините дресот на „росонерите“ го носеше на 306 натпревари. Играше уште за Модена, Наполи, Емполи, Торино, Пијаченца.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…