Дома Фудбал Останато Станковиќ го продолжи договорот со Црвена Звезда

Станковиќ го продолжи договорот со Црвена Звезда

Фудбалскиот клуб Црвена звезда го продолжи договорот со тренерот Дејан Станковиќ до 2025 година, беше објавено денес.

И покрај најавите дека на крајот од актуелната сезона би можело да дојде до разделба меѓу Црвена звезда и Дејан Станковиќ поради поканата што српскиот стручњак ја доби од Италија, сепак тоа нема да се случи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Станковиќ истакна дека сака и следната сезона да биде тренер на тимот и таа желба ќе му биде исполнета.

“Се чувствувам феноменално. По многу добра и тешка сезона, направивме голем успех и потпишувањето на договорот е потврда дека заедно можеме да направиме многу. Би сакал да му се заблагодарам на клубот за довербата и трпение. Тука сум две ипол години и сега почнуваме нов се надевам уштеп одобар циклус.

Ова е само потврда дека клубот верува во мене уште од првиот ден, па правиме силна целина. Исто така би сакал да им се заблагодарам на моите момци, без нив ни јас не би бил комплетен. Благодарам и на навивачите кои секогаш беа со нас и ја даваа својата поддршка“, изјави Станковиќ.

Многу со заминување од Звезда Станковиќ се поврзуваше јануари, се споменуваше Италија како можна дестинација, меѓутоа сега е јасно дека во блиска иднина таквите најави нема да се реализираат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Срамно: Навивачите на Челзи ја навредуваат девојката на Даклан Рајс, таа ги избриша сите фотографии

Навивачите на Челзи на трибините на „Емирати“ за време на последното дерби го исмејуваа из…