Дома Видео Српскиот тренер во НБА збесна поради судиите: Викаше и удираше по масата…🎥

Српскиот тренер во НБА збесна поради судиите: Викаше и удираше по масата…🎥

Tимот на Торонто во НБА лигата беше на чекор од победа против Лејкерс, но на крајот изгуби со 131:132, а тоа донесе голем револт кај српскиот тренер Дарко Рајковиќ.

Рајковиќ имаше сериозни забелешки на судиите и смета дека неговиот тим бил драстично оштетен. Рапторс одиграа одлично имаа и осум поени предност во последната четвртфина, но не можеа да го запрат Ентони Дејвис кој постигна 41 поен.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Сепак, Рајковиќ беше убеден дека судиите одиграле клучна улога.

„Ова е срамно! Голем срам за судиите и лигата што дозволи вакво нешто. Противникот доби 23 слободни фрлања, а ние само две во последната четвртина. Како да го одиграме натпреварот вака? Почитувам ѕвезди, но и ние имаме големи имиња.

Како е можно Скот Барнс кој е одличен кошаркар и секогаш се пробива до обрачот да има само две слободни фрлања цел натпревар? Како ќе ми го објасните тоа? Ако Лејкерс треба да победат, дајте им ја без да играме. И ова не е првпат, Барнс ќе биде и олстар, заштитно лице на лигата. Се е комплетно срање!“, беснееше Рајковиќ удирајќи по масата пред новинарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

За Дончиќ заврши низата од 114 натпревари: Вакво нешто не му се случило две години!

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс во изминатата вечер претрпе пораз во натпреварот против Гол…