Светската, но и македонската спортска јавност беше целосно обземена со борбата помеѓу Дагестанецот Кабиб Нурмагомедов и Ирецот Конор Мекгрегор, а тоа го покажуваат и бројките од посетеноста на вашиот најомилен спортски портал!
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Имено, според Гугл Аналитикс, во текот на деновиве порталот Спортски.мк го посетуваа дневно над 60.000 пати, најмногу благодарение на борбата која крена огромна прашина низ целиот свет – помеѓу Нурмагомедов и Мекгрегор. Така во неделата кога беше одржана борбата, на Спортски.мк имало над 65.000 посети (105.000 прегледани страни), а следниот ден пристапиле над 60.000 пати.
Најчитани биле статиите поврзани со борбата и тоа некои над 10.000 пати. Ако сте пропуштиле нешто – проверете ОВДЕ!
Спортски.мк е најстариот независен спортски портал во Македонија, кој што постои уште од 2009 година (од претходно постоеше само еден специјализиран фудбалски портал и вебсајт на дневен спортски весник) и во текот на своето работење постојано расте.

Моментално месечно има над 1 милион сесии (посети) и 1.7 милиони прегледани страници, бројки кои навистина се импозантни за македонски услови, што го ставаат овој спортски портал во самиот врв на македонското спортско интернет небо.
Спортски.мк од неодамна е дел од Балкан Медиа Груп, мрежа на портали низ целиот Балкан и тоа Македонија (Спортски, Суперспорт, Таратур), Србија (Спортска Централа), Албанија (Албаспорт.ал), БиХ и Хрватска (АМ Спорт) и Црна Гора (ЦГ-Фудбал).
Ви благодариме што не читате во толкав број!

