Дома Топ вести Спонзорите даваат богатство: Јунајтед го руши светскиот рекорд за Нејмар

Спонзорите даваат богатство: Јунајтед го руши светскиот рекорд за Нејмар

Веќе подолго време се шпекулира дека Нејмар е исфрустриран со „животот“ во ПСЖ, односно дека е незадоволен од недостатокот на конкуренција во француската Лига 1.

Поради тоа Бразилецот се поврзува со трансфер во Реал Мадрид. Наводно „кралевите“ се спремни следното лето повторно да го срушат светскиот рекорд со Нејмар и да понудат повеќе од 222 милиони евра.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Шпанскиот портал „Дон Балон“ пренесува дека ПСЖ би можел да го пушти Нејмар за околу 250 милиони евра, што сепак претставува одреден профит во однос на парите кои за него ги издвоија минатото лето. И покрај ваквите шпекулации, од ПСЖ и понатаму цврсто стојат зад тоа дека Нејмар нема да го напушти „Паркот на принцовите“.

Меѓутоа, истите наводи од шпанските медиуми сугерираат дека Манчестер Јунајтед ќе се обиде да ја надмине понудата на Реал, доколку Бразилецот биде достапен за трансфер, а „црвените ѓаволи“ во обидот да го ангажираат Нејмар ќе имаат помош и од својот спонзор, компанијата „Шевролет“.

Имено, гигантот во автомобилската индустрија сака да се пробие на азискиот пазар, а челниците на „брендот“ сметаат дека доаѓањето на Нејмар во екипата на чии дресови се наоѓа логото на „Шевролет“ би бил од голема помош во таквите намери.

Наводно во „Шевролет“ веќе испланирале неколку маркетинг кампањи со Нејмар во главната улога, а од оваа компанија се спремни финансиски да му помогнат на Јунајтед во реализација на неговиот трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан стави една ѕвезда на продажба

Милан е спремен ова лето да слушне понуди за Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските мед…