Дома Останати Кошарка НБА Спектакл на олстар натпреварот: Тејтум испиша историја, Леброн изгуби по пет победи во низа!

Спектакл на олстар натпреварот: Тејтум испиша историја, Леброн изгуби по пет победи во низа!

Вистински спектакл гледавме на овогодинешниот олстар натпревар во НБА лигата, во натпревар без одбрани и со многу атракции подобар беше тимот на Јанис со 184:175.

Треба да се знае дека за Леброн ова е прв пораз по серија од пет победи откако натпреварите се играат во ваков формат. Назаслужен за тимот на грчкиот кошаркар беше Џејсон Тејтум кој постигна 55 поени што е најмногу во историјата на еден олстар натпревар. Исто така тој е само трет кој ја поминал границата од 50 поени, по Ентони Дејвис и Стеф Кари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во редовите на победничкиот тим одличен беше и Донован Мичел кој постигна 40 поени и додаде 10 асистенции. Капитенот Адетокумпо ги постигна првите поени на натпреварот по само 20 секунди повреда на зглобот. Во тимот на Леброн Џејлон Браун беше најдобар со 35 поени и 13 скокови, додека Ембид и Ирвинг уфрлија по 32.

Леброн играше само едно полувреме и постигна 13 поени, во вториот дрес се дружеше со ќерките на трагично починатиот Коби Брајант. Слаб поентерски учинок имаа Јокиќ и Дончиќ кои постигнаа по четири поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Стативите го спречија ПСЖ, Борусија во финале

Борусија Дортмунд е прв финалист во Лигата на шампиони откако и во вториот меч го победи П…