Дома Фудбал Останато СПЕКТАКЛ ВО НАЈАВА: Дали ќе гледаме три „Ел Класика“ во две недели?

СПЕКТАКЛ ВО НАЈАВА: Дали ќе гледаме три „Ел Класика“ во две недели?

Фудбалерите на Реал и Барса се наоѓаат во најдобриот пат за полуфиналето во Лигата на Шампионите, бидејќи во првиот четвртфинален натпревар го совладаа Јувентус (3:0), односно Рома (4:10.

Доколку ждрепката во петок 13. април ги спои, тогаш во рок од две недели ќе ги гледаме дуелите на Меси и Роналдо дури три пати. Реал и Барса прво би се сретнале во првиот полуфинален натпревар од ЛШ 24/25 април, а потоа и седум дена подоцна во реваншот. Потоа би следувало дербито во Примера кое е закажано за 6. мај.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Такво сценарио би можело да се случи и минатата сезона, но во Лигата на Шампионите, Барса го доби Јувентус од кого беше и елиминирана. Во текот на пролетта 2011. година, гледавме дури четири „Ел Класика“, во период од 20. април до 3. мај. Барселона го победи Реал во двомечот од Лигата на Шампионите, „Кралевите“ славеа во Купот на Кралевите“, а во првенството беше 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…