Љубителите на боксот конечно ќе можат да уживаат во вистински спектакл, Флојд Мејведер и Конор МекГрегор ќе се сретнат во рингот.
Мечот кој се очекува со години ќе се одржи на 26 август во Лас Вегас и сигурно дека можеме да очекуваме вистински спектакл, а по цената на влезниците може да се види за каков влог станува збор.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Американските медиуми денес објавија дека карти за спектаклот веќе можат да се купат, а цената веќе сега е вистинско богатство. Имено, доколку некој има желба да биде на најдобрите места веднаш до рингот за една влезница ќе мора да издвои 13.499 фунти, додека најефтината влезница во овој момент изнесува 2.043 фунти.
Секако, како што борбата се наближува цената на влезниците ќе расте. Многумина сметаат дека на неколку дена пред борбата една влезница на црниот пазар ќе достигне цена и од 100.000 фунти.