Дома Трансфер зона Спасот за Мората пристигна во последните моменти: Шпанецот по само една сезона го напушта Челзи?

Спасот за Мората пристигна во последните моменти: Шпанецот по само една сезона го напушта Челзи?

Шпанскиот напаѓач, Алваро Мората пред почетокот на оваа сезона пристигна како големо засилување во Челзи од Реал Мадрид за околу 65 милиони евра.

„Сините“ одлучија да го продадат Диего Коста и да го доведат Мората како прв напаѓач, но не погодија. Шпанецот одлично ја започна сезоната, но потоа пристигна повредата која ја расипа сезоната во целост за Мората и Челзи. Англиските медиуми денеска објавија дека постои голема можност Мората по само една сезона да го напушти „Стемфорд Бриџ“.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Како што пишува „The Sun“, спасот за Мората би можел да пристигне од Јувентус во кој пред неколку години играше со многу успех. „Старата дама“ покажа интерес да го доведе Мората на позајмица следната сезона со можност откупување на договорот следното лето. Доколку Челзи се согласи на овие услови би можел да заработи околу 62 милиони евра. Јуве за еднагодишна позајмица би платил 17 милиони евра, а доколку одлучат да го откупат договорот ќе мораат да платат уште 45 милиони евра.

Мората за Јувентус играше две сезони и одигра речиси 100 натпревари каде што постигна 27 гола и запиша 19 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…