Против фудбалскиот клуб Спартак Москва ќе биде покрената дисциплинска постапка од страна на УЕФА, поради лошата организација на натпреварот со Ливерпул во Лигата на шампионите.
Спартак и Ливерпул синоќа во Москва, одиграа 1:1, а домашните фанови повторно имаа свое шоу. Најпрвин развија транспарент на кој пишуваше „УЕФА мафија“, а потоа фрлаа петарди димни бомби.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
УЕФА има забелешки и за непримерното навивање, но и за блокирањето на излезите на трибините.
Рускиот шампион оваа сезона веќе има една казна од УЕФА, бидејќи навивачите во Марибор испукаа ракета кон главниот судија. Поради овој инцидент УЕФА им забрани на навивачите на Спартак да патуваа во Андалузија кога тимот ќе и гостува на Севиља.