Дома Трансфер зона Со шест натпревари за Баерн освои титула, а сега си заминува

Со шест натпревари за Баерн освои титула, а сега си заминува

Баерн Минхен ја освои титулата во Бундеслигата по големата драма во последното коло и така ја „прескокна“ Борусија Дортмунд.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Баварците имаа тешка сезона исполнета со турбуленции, меѓутоа сепак го освоија трофејот и можат да бидат задоволни. Но, во клубот се свесни дека тимот не игра во најдобра форма и потребни се промени, токму затоа откази добија Оливер Кан и Хасан Салихамиџиќ.

Ќе има промени и во играчкиот кадар, а еден од оние кои ќе си замине е Дејли Блинд. Блинд забележа само шест настапи откако пристигна во јануари и не успеа да се избори за место во првиот тим.

Тренерот Тухел веќе го известил Блинд дека не смета сериозно на него, па затоа ќе бара нова средина.

Блинд во кариерата играше уште за Ајакс и Манчестер Јунајтед. Холандските медиуми шпекулираат дека би можел по третпат да го облече дресот на Ајакс, меѓутоа има понуди и понудо од Шпанија, Германија и Италија.

За холандската репрезентација Блинд одигра 101 натпревар и постигна три гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…