Некогашниот напаѓач на Њукасл, а сега фудбалски аналитичар Мики Квин изјави дека единствената карика која му недостасува на Ливерпул за титула во Премиер лигата е Виргил ван Дијк.
Холандскиот дефанзивец игра фантастично во дресот на Саутемптон и во последно време се почесто се поврзува со трансфер на „Енфилд“. Квин смета дека овој 25-годишен дефанзивец може да одигра клучна улога во трката за титулата во Премиер лигата.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Ливерпул е сериозно заинтересиран за Ван Дијк и веќе работи на трансферот, а медиумите во Англија тврдат дека „црвените“ ќе направат се за да го донесат на „Енфилд“.
Инаку Ливерпул има одлична соработка со Саутемптон, а за тоа говорат и трансферите на Клајн, Адам Лалана, Дејан Ловрен и Садио Мане.