Дома Фудбал Англија Со Манчестер Јунајтед потпиша кога имаше 16 години, а дебитираше на 35

Со Манчестер Јунајтед потпиша кога имаше 16 години, а дебитираше на 35

Том Хитон, голманот на Манчестер Јунајтед е пример дека желбите можат да ви се остварат дури и кога тоа изгледа дека е невозможно.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во Манчестер Јунајтед Хитон пристигна во 2002 година, а после три години поминати во младинскиот тим на црвените-ѓаволи тој беше прекомандуван во сениорите. Од 2005 до 2010 година беше испраќан на позајмица, потоа го напушти клубот и потпиша за Кардиф. Бранеше уште за Бристол, Барнли и Астон Вила.

Минатото лето доби шанса да се врати во Манчестер Јунајтед и да биде трет голман.

Вчера во 68. минута Рагник го испрати помеѓу стативите на местото на Хендерсон, тоа беше прв настап за Хитон во сениорскиот тим на Јунајтед. Значи, дојде во клубот кога имаше 16 години, а дебитираше на 35.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Силекс се засили со младински репрезентативец на Македонија!

Силекс продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во летниот преоден рок, а најново…