Дома Трансфер зона Со видеото со кое му кажа збогум на Атлетико Гризман посебно израдува еден клуб

Со видеото со кое му кажа збогум на Атлетико Гризман посебно израдува еден клуб

Aнтоан Гризман после пет години ќе го напушти Атлетико Мадрид. Светскиот шампион од Русија со репрезентацијата на Франција својата одлука ја соопшти вчера.

Иако минатото лето потпиша договор до 2023 година вреден 23 милиони евра по сезона одличниот офанзивец одлучи да го напушти Атлетико.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Беа ова пет неверојатни години и ви благодарам на се. Ве носам во моето срце“, изјави Гризман помеѓу другото во емотивното видео во кое им се обрати на фановите.

Овој 28 годишен фудбалер не откри каде ќе ја продолжи кариерата. Познато е дека ќе биде активирана неговата откупна клазула, а тоа ќе ги израдува луѓето во Реал Сосиедад.

Клазулата за откуп на Гризман од 1-ви јули изнесува 120 милиони евра, а на Баскијците ќе им припаднат 20%, односно 24 милиони евра што и не е мала сума ако се земе во предвид буџетот на овој клуб.

Францускиот репрезентативец ги помина младинските селекции на Реал Сосиедад, клубот го напушти во 2014 година во трансфер вреден 30 милиони евра. Тоа значи дека вкупно од Гризман Сосиедад ќе заработи 54 милиони евра.

Засега се упатува на тоа дека Гризман кој со Атлетико освои три трофеи и играше во финалето од Лигата на шампионите ќе потпише со Барселона. Меѓутоа, додека не се добие официјална потврда не се исклучува можноста да заврши во некој друг клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Од Реал Мадрид заминува фудбалерот со најдолг стаж во клубот

Фудбалерот на Реал Мадрид, Начо Родригез, наводно го известил клубот дека нема да го продо…